Неколку интересни факти за кафето

Кафе Comments (0)

  • Кафето е втор најтргуван производ на планетава. На прво место е нафтата.
  • Гледано во светски рамки, ние пиеме преку 400 милијарди кафиња во текот на една година.
  • Кофеинот кој се наоѓа во кафето го зголемува ефектот на некои аналгетици, како на пример аспиринот и парацитамолот.
  • Само со една шолја кафе телото добива 300 фитохемикалии кои се однесуваат како антиоксиданси и можат да се задржат во телото дури и до еден месец. Антиоксидансите го даваат горчливиот вкус на кафето.
  • На почетокот кафето се јадело. Африканците го мешале кафето со сланина и од тоа формирале енергетски топчиња.
  • Постои натпревар на кој натпреварувачите ги мирисаат и дегустираат кафињата кои треба да ги идентификуваат. Тоа се различни кафиња од целиот свет и оној кој најбргу ќе ги погоди сите е победникот.
  • Ново истражување покажа дека кафето е богат извор на антиоксиданси, и значително придонесува за вашата дневна антиоксиданс доза. Антиоксидансите може да ви помогнат да ги заштите вашиот клетки од оксидација, а  на вашето тело да му помогне во борбата против срцеви заболувања, рак и предвремено стареење!
  • Истражувањата покажуваат дека луѓето кои пијат кафе се опуштени и повеќе се заинтересирани во нивната работа. Кофеинот во кафето им помага на враќање и одржување на будноста – подобрување на ефикасноста и подобрување на вашето расположение. Тоа е совршен напиток за да добиете енергија преку втората половина на работниот ден!

» Кафе » Неколку интересни факти за кафето
On 05/31/2015
By

«